Од Злетовица ќе потече и струја

Bez autora
Jul 26 2012

Хидросистемот “Злетовица" влегува во втора и трета фаза. Првата фаза, во која спаѓаше изградба на браната, со што се обезбеди вода за пиење на 110 илјади луѓе е целосно завршена. Втората фаза наводнување на околу 4 илјади хектари, а третата е изградба на 7 до 8 хидроенергетски објекти за производство на електрична енергија. Потпишан е договор со шведската консултантска фирма „Свеко“ кои треба да изработат физибилити студија за да се знае колку точно ќе чини целосното завршување на проектот. Овој хидросистем е добар пример како домаќински се однесува секое одговорно министерство, односно Влада и сите јавни институции, затоа што во изминативе четири години успеавме да заштедиме 5 милиони евра. Покрај вода за пиење од “Злетовица" ќе се добива електрична енергија колку што заедно трошат општините Кратово и Пробиштип.

Струја ќе потече од „Злетовица“Хидросистемот “Злетовица" влегува во втора и трета фаза. Првата фаза, во која спаѓаше изградба на браната, со што се обезбеди вода за пиење на 110 илјади луѓе е целосно завршена. Втората фаза наводнување на околу 4 илјади хектари, а третата е изградба на 7 до 8 хидроенергетски објекти за производство на електрична енергија.

Потпишан е договор со шведската консултантска фирма „Свеко“ кои треба да изработат физибилити студија за да се знае колку точно ќе чини целосното завршување на проектот.

- Овој хидросистем е добар пример како домаќински се однесува секое одговорно министерство, односно Влада и сите јавни институции, затоа што во изминативе четири години успеавме да заштедиме 5 милиони евра - изјави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

Покрај вода за пиење од “Злетовица" ќе се добива електрична енергија колку што заедно трошат општините Кратово и Пробиштип.

- Инсталираната моќност на планираните 8 мали хидроцентралите ќе биде 13 мегавати, односно 50 милиони киловат часови годишно - изјави Стојан Миланов, директор на ХС “Злетовица".

Изработката на техничката документација за овие две фази е поддржана со грант од еден милион евра од Европската инвестициска банка. Рокот на изработка на техничката документација, во која влегува и подготвувањето на тендерската документација за овие две фази, е до идната пролет. Се очекува веќе во мај да биде распишан и меѓународниот тендер за изградба на системот за наводнување и за изградба на хидроцентралите. Сите работи наведени во договорот треба да завршат за 7 месеци. Изградбата на објектите се очекува да почне првата половина од следната година, со што целосно ќе се заокружи  проектот “Злетовица".

Најголем капитален објект во источна Македонија

„Злетовица“ е најголемиот капитален објект од регионално значење изграден во источниот дел на Македонија во годините на нашата независност. Работите на него се завршени во рекордно време од четири години, а системот обезбедува вода за пиење за над 110.000 жители од општините Кратово, Пробиштип, Карбинци, Штип, Свети Николе и Лозово. Но, без двете наредни фази, оваа инвестиција нема да биде исплатлива.

Според проектите, за двете фази се потребни 55,5 милиони евра. Од нив 36,5 милиони евра ќе се инвестираат во реализацијата на втората фаза со која се предвидува наводнување на 4.100 хектари обработливо земјиште, од кои 3.100 во Пробиштип и уште илјада хектари во Кратово. Во реализацијата на третата фаза, со која е планирана изградба на неколку хидроцентрали, ќе бидат инвестирани 19 милиони евра.

Ако се реализираат и овие проекти Злетовица ќе стане самоисплатлив и профитабилен проект. Таа треба да има големо влијание врз подобрувањето на економската, а со тоа и на социјалната положба на овој крај. Од овој аспект двете наредни фази се и две нови, големи можности за подобрување на социо-економската положба на  жителите од општините кои ќе ги користат благодетите на „Злетовица“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik